Студиото „БАХ“ е оформено на 10 јуни 1994. Зад себе има голем број реализирани проекти и натпревари. На пошироката јавност и е познато по необичните сценски настапи со пејачите од македонската естрада, настапи за кои неколку години наназад се наградувани со награди за најдобар сценски настап. Традиционално за студиото е тоа што секоја година во месец јуни прават спектакуларно шоу наречено „Бах Шоу“.