Друштвото има 260 активни членови, поделени во седум играорни групи, пејачка група и оркестар.Сите заедно исполнуваат повеќе од 20 кореографски постановки од сите региони во државава.
КУД „Илинден“ досега има реализирано 37 самостојни годишни концерти и над 3000 настапи во Македонија и во странство, освојувајќи многубројни награди и признанија.