Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА) е формирана како асоцијација на културни работници со цел да ги негува, штити и координира нивните интереси и убедувања за промовирање на уметноста и културата. Основана е во 2013 година во Струга, Македонија, а од тогаш, нејзиниот тим стои позади продукцијата на ДримON фестивалот, како и други проекти и активности во соработка со националната мрежа на уметници, културни работници, социо-културни организации, платформи и иницијативи. ИНКА врши активности насочени кон унапредување и продукција на култура и уметност; ја подигнува социјална свест за различни важни теми преку јазикот на уметноста; овозможува дијалог и дискусија за социо-културни контексти; создава платформи и креативни методолошки алатки за спроведување на активности кои промовираат и зајакнуваат културни и социо-културни вредности. ИНКА верува дека уметноста ги ангажира луѓето од различно потекло и интереси, ги поништува различните бариери и овозможува дијалог, слободен проток на идеи и придонесува за енергично и разновидно општество. Затоа ИНКА се смета за добар локален партнер за донатори и институции во остварување на заедничките цели во врска со различни социјални теми кон подигнување на граѓанскиот дух преку уметнички и креативни пристапи. ИНКА е член на Асоцијацијата на независната културна сцена ЈАДРО. Соработува со други партнери и соработници: Струшки вечери на поезијата, Центар за култура Браќа Миладиновци Струга, Фестивалот АКТО, ЛОКОМОТИВА, Паблик, АКВА, ПОРАКА НОВА Струга, Медиа Артес Охрид, Култура Нова – Нови Сад, ЛДА, ТИИЛТ –Гетеборг, Шведска и други.