За центарот

Центар за култура „Браќа Миладиновци“ е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Струга. Установата е наречена по македонските преродбеници Браќа Миладиновци. Во рамките на Центарот работи Матичната библиотека.
Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ бил основан во 1959 година, а во 2004 год. со одлука на Владата на Република Македонија, Центарот за култура „Браќа Миладиновци" е прогласена како национална установа. Отворањето на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата, традиционално отпочнува пред платото на Центарот за култура „Браќа Миладиновци" во Струга, со читањето на песната „Т'га за југ“ на Константин Миладинов. Покрај меѓународното поетско читање „Меридијани“ се одржуваат и повеќе промоции и манифестации од најразличен карактер во текот на целата година. Имено Центарот за култура во Струга ги обединува сите заинтересирани за културата и уметноста, од најмалите до повозрасните. Центарот за култура „Браќа Миладиновци" е центар на повеќе случувања: концерти на класична музика, ликовни изложби, театарски претстави, јавни трибини.

mk_MK
Scroll to Top