Градската библиотека е сместена во зградата на Центарот на културата и била создадена на 18 ноември 1944 год. како прва установа од областа на културата. Во рамките на матичната дејност библиотеката имала широко развиена мрежа на подрачјето на струшкиот регион каде делувале 12 подрачни библиотеки, денес активни се само две: во селата Вевчани. Современите библиотечни трендови на планот на матичната дејност денес се засноваат врз развојот на библиотечната служба која веќе почна да се користи во Македонија. Библиотеката располага со фонд од околу 90.000 книги. Во библиотеката е извршена целосна стручна обработка на книжниот фонд и истата на своите корисници им нуди азбучен фонд, стручен фонд и каталог на наслови.